Дома Фудбал Хет-трик на Мармуш, Њукасл немоќен против Манчестер сити (Видео)

Хет-трик на Мармуш, Њукасл немоќен против Манчестер сити (Видео)

Египетскиот напаѓач Омар Мармуш за 14 минути постигна три гола за Манчестер Сити во дербито на 25-тото коло од Премиерлигата против Њукасл Јунајтед, при што “Граѓаните” славеа со 4:0.

Ова се неговите први голови за клубот по пристигнувањето од Ајнтрахт Франкфурт во јануари, а начинот на кој дојде до хет-трикот е импресивен.


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓



Првиот гол го постигна во 19-тата минута по долга топка од голманот Едерсон, додека вториот следуваше пет минути подоцна по асистенција на Илкај Гундоган.

Во 33-тата минута Мармуш го комплетираше хет-трикот за водство на “Граѓаните” од 3:0.

Интересно е што Њукасл порано покажа интерес за доведувањето на Мармуш како замена за Александер Исак, но на крај тој потпиша за Манчестер Сити.

Мармуш пристигна во Сити од Ајнтрахт за 75 милиони евра, и со “Граѓаните” потпиша договор до летото 2029 година. Египќанецот, со неверојатна брзина, оваа сезона во 26 настапи за Ајнтрахт постигна 20 гола и 14 асистенции.

Конечните 4:0 ги постави МакАти шест минути пред крајот на натпреварот, по асистенција на Халанд кој при тоа се повреди и мораше да го напушти теренот.

На прв поглед се чини дека не станува збор за лесна повреда, а неизвесно е дали Норвежанецот ќе биде подготвен за реваншот од плеј-офот на Лигата на шампионите против Реал во среда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона може да се сврти кон Парти

Барселона покажува интерес за играчот од средниот ред на Арсенал, Томас Парти. Приоритет н…