
Тренерот на Тотенхем, Томас Франк, изјави дека би сакал фудбалерот Хари Кејн да се врати во клубот од Баерн Минхен.
„Постојат многу навивачи на Тотенхем, вклучувајќи ме и мене, кои би биле среќни да го видат Кејн повторно. Искрено, не мислам дека тоа ќе се случи сега. Веројатно ќе остане во Баерн и ќе продолжи да игра извонредно. Минатата сезона беше најдобриот стрелец, ја освои титулата и одлично му оди“, изјави Франк, пренесува Скај.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Кејн е производ на младинската школа на Тотенхем, а од 2009-та беше дел од првиот тим, освен две години на позајмица. Во август 2023 година ја напушти екипата без освоен трофеј, но како најдобар стрелец во историјата на клубот со 280 голови во 435 натпревари.
Замина во Баерн за 100 милиони фунти за да ги почувствува победничките мигови и минатата сезона ги освои титулите а во Бундеслигата и Супер купот. До сега има одиграно 103 натпревари за баварскиот клуб, постигнувајќи 98 голови. Во првата сезона ја освои европската Златна топка за најдобар стрелец.
Скај информира дека откупната клаузула во неговиот договор во јануари изнесуваше 67 милиони фунти, а следниот јануари ќе се намали на 54 милиони. Капитенот на англиската репрезентација оваа сезона постигна 13 голови во седум натпревари.
„Не знам што размислува. Јас исто така сакам да патувам и да откривам нови нешта, тој беше тука многу години, па зошто да не остане уште малку во Баерн. Но, ако посака да се врати, добро е дојден“, додаде Франк.
Според Скај, Кејн е задоволен во Баерн и не планира наскоро да ја активира клаузулата. Тотенхем е првата опција, но клаузулата не гарантира враќање во Лондон, туку кон клубот му дава можност да му достави понуда.