Дома Фудбал Хари Кејн ги избра најдобрите 11, но едно име ги шокираше сите: Не заслужува да биде таму!

Хари Кејн ги избра најдобрите 11, но едно име ги шокираше сите: Не заслужува да биде таму!

Напаѓачот на Баерн, Хари Кејн, стана тема на дискусии во фудбалската јавност откако го избра својот идеален тим составен од најголемите фудбалски имиња, а едно име ги изненади сите.

Кејн игра навистина одлично откако се пресели од Тотенхем во Баерн Минхен и докажа зошто без сомнение е еден од најдобрите напаѓачи на планетата во овој момент.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Пред две години Кејн потпиша договор со Баерн, а германскиот клуб за него му плати на Тотенхем околу 100 милиони евра.

Со доведувањето на Кејн, Баерн направи одличен потег бидејќи Англичанецот игра во исклучителна форма. До овој момент, Кејн веќе постигна 22 гола во само 16 одиграни натпревари во сите конкуренции.

Иако се шпекулираше дека би можел следното лето да се врати во Англија, Баерн сака да го задржи и му подготви нов договор со надеж дека ќе остане во Минхен барем до летото 2028 година.

Крај покрај одличните настапи во дресот на Баерн, искусниот напаѓач привлече внимание со својот избор на најдобрите 11 на сите времиња.

Кејн беше дел од предизвикот и го избра својот идеален тим, но едно име во составот навистина никој не го очекуваше.

Станува збор за Кајл Вокер, кој Кејн го постави на позицијата десен бек, што предизвика бран коментари, бидејќи многу луѓе велат дека Вокер не е на нивото на играчи како Дани Алвеш, Кафу, Хавиер Занети или Филип Лам.

Сепак, Кејн реши на таа позиција да го постави Вокер, со кого имаше можност да соработува и во Тотенхем и во репрезентацијата на Англија.

Инаку, идеалниот тим на Кејн изгледа вака: Мануел Нојер, Кајл Вокер, Џорџо Кјелини, Џон Тери, Марсело, Серхио Бускетс, Зинедин Зидан, Андрес Иниеста, Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал го победи Атлетико, ПСЖ го порази Леверкузен

Арсенал постигна импресивен успех со 4:0 против Атлетико Мадрид во натпревар од третото ко…