Дома Фудбал Хаос во Турција: Поранешна ѕвезда на Реал Мадрид погодена во глава (ВИДЕО)

Хаос во Турција: Поранешна ѕвезда на Реал Мадрид погодена во глава (ВИДЕО)

Големото истанбулско дерби меѓу Бешикташ и Фенербахче се претвори во вистински хаос на теренот и на трибините.

Наместо спектакл каков што сите очекуваа, натпреварот го одбележаа жестоки дуели, црвени картони и инцидент кој можеше да заврши многу полошо.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Имено, во 30-тата минута од средбата, шпанскиот напаѓач Марко Асенсио, познат по своите настапи за Реал и ПСЖ, беше погоден во глава со предмет додека се обидуваше да изведе корнер. Веднаш падна на тревата, а снимките што кружат на социјалните мрежи покажуваат како кон него летаа и други предмети – шишиња, чаши и парчиња амбалажа.

Обожавателите на Бешикташ фрлаат шишиња кон Асенсио
byu/ViolinistOver6664 insoccer
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) „Мама Миа“: Италијаните не можат да поверуваат што направи Лука Модриќ синоќа на „Сан Сиро“

Милан синоќа на своето поле ја победи Рома со минимални 1:0 во дербито на десетото коло од…