Дома Фудбал Хаос во Милан пред натпреварот со Звезда, виновник е Ибрахимовиќ!

Хаос во Милан пред натпреварот со Звезда, виновник е Ибрахимовиќ!

На денот кога Црвена Звезда гостува во Милано во 6. коло од Лигата на шампионите (среда, 21.00) дојдоа вести за неочекуваната оставка на спортскиот директор на “росонерите”.

Станува збор за Антонио Д’Отавио, кој според функцијата имаше поголеми овластувања од Златан Ибрахимовиќ, “на хартија” само советник на претседателот Џери Кардинале.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Но во пракса,Ибрахимовиќ се занимаваше со сите спортски прашања и со својата појава и харизма го стави Д’Отавио во втор план.

Италијанските медиуми пишуваат дека Ибрахимовиќ се славел за успешните потези, додека за нешто што не поминало добро вината паѓала на Италијанецот.

Очигледно, на Д’Отавио му дшло преку глава и одлучил да се повлече, иако на функцијата спортски директор во Милан дојде само пред неколку месеци.

Всушност, најголемото несогласување се појавило околу младите таленти на Милан, а кога ќе се собере целиот пакет, разделбата била единствено решение.

Според непотврдени информации, тој веќе си ги собрал своите работи и заминал од клубот, но клубот не сака тоа да го објави пред натпреварот со Црвена Звезда, кој е многу важен за “росонерите”.

Веќе се спомнуваат двајца потенцијални наследници – Роберто Карари и Дарио Аудацио, за улогата на “официјален” спортски директор на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Земјотрес“ на Островот: Манчестер сити го завршува трансферот вреден 75 милиони евра

Трансферот на Антоан Семењо во Манчестер сити влегува во завршната фаза. Борнмут прифати д…