
Завршницата на натпреварот помеѓу Вршац и Вождовац во 28. коло на Првата лига на Србија којшто се одигра на стадионот во Банат, и кој заврши со резултат 1:1, за жал, беше одбележан со инциденти по последниот судијски свиреж.
Наизглед мирниот натпревар на крајот се претвори во вистински мал хаос, каде главниот судија на натпреварот Младен Јаковљевиќ имаше полни раце работа.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Настана голема гужва во центарот на теренот во која учествуваа речиси сите членови на Вршац и Вождовац, како фудбалери така и тренери, и дојде до размена на неколку удари и помала тепачка.
За среќа, имаше доволно мирни и сталожени луѓе за да спречат општ хаос и тепачка, но фудбалерите скоро пет минути продолжија да се гонат по теренот и паѓаа остри зборови.
Епилогот на целиот настан беше по еден црвен картон од двете страни, па поради хаосот беа исклучени Немања Андријаниќ во тимот на Вршац и Немања Видиќ во составот на Вождовац.
Овие два тима се наоѓаат на врвот на табелата, на местата кои водат во плеј-офот, односно Вршац е на петто место со 42 поени, а Вождовац е седми со 40 поени по овој натпревар.
Погледнете како изгледаше хаосот во Вршац, а сè започнува на шест минути пред крајот на видео снимката:
.