Дома Фудбал Хаос: Камерун оди со две репрезентации на АФКОН (!?)

Хаос: Камерун оди со две репрезентации на АФКОН (!?)

Замислете некој да ви каже дека сте добиле отказ, а вие едноставно одбиете да заминете. Тоа е токму она што моментално се случува во камерунскиот фудбал, и тоа само недела дена пред почетокот на Африканскиот куп на нациите.

Претседателот на Фудбалската федерација на Камерун, некогаш славниот фудбалер, но многу контроверзен функционер Самуел Ето, тврди дека го сменил селекторот Марк Брајс. Така, во сред подготовки за најважниот турнир на африканското тло.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Причина? Не му се допаѓа списокот на Брајс.

Ето, на брзина, го назначи Давид Пагуа за нов стручњак и објави список без Андре Онана, Ерик Максим Чупо-Мотинг и Винсент Абубакар. Случајно, токму Абубакар е на само 12 голови од рушењето на рекордот на Ето во националниот тим.

Меѓутоа!

Селекторот одлучи да возврати и му порача на Ето: „Тоа нема да биде баш така…“

Брајс изјави дека Ето лично го составил тој список и го нарече нарцис, обвинувајќи го дека го ставил егото пред интересите на својата земја.

Она што ја прави целата приказна особено интересна е што Брајс тврдеше дека е сѐ уште официјално вработен во Министерството за спорт на Камерун, со кое има важечки договор до 2026 година, и дека, правно гледано, тој сѐ уште е селектор сѐ додека министерот или претседателот на државата не му дадат отказ.

Така се стигна до никогаш видена ситуација во светот на фудбалот – објавени се два различни списка на репрезентациите на Камерун за АФКОН. Два селектори повикаа два различни тима кои ќе се подготвуваат за турнирот во Мароко.

Со други зборови, хаос.

АФКОН почнува на 21 декември, Камерун турнирот го отвора три дена подоцна со натпревар против Габон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Брахим Дијаз се враќа во Милан

Брахим Дијаз се врати во Реал Мадрид и одигра солидни две сезони, но во последно време доб…