Дома Фудбал Хаос каков што ретко се гледа: Навивачи фрлаа бакљи и погодија голман (Видео)

Хаос каков што ретко се гледа: Навивачи фрлаа бакљи и погодија голман (Видео)

Дербито на израелското првенство помеѓу двата Макаби, тој од Хаифа и Тел Авив, беше прекинато во 15-тата минута од судиското продолжение на првото полувреме.

Навивачите во неколку наврати дотогаш фрлаа бакљи и судијата го прекинуваше и продолжуваше натпреварот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Особено на удар беше голманот на домашните Шариф Кеуф, околу кого летаа бакљи, а неколку го погодија. Ситуацијата се искомплицираше кога беше досуден пенал за гостите.

Давид Тургеман го реализираше пеналот, а потоа одлучи да го прослави голот пред домашните навивачи, кои одговорија со факли и петарди.

Ситуацијата дополнително се влоши кога тренерот на Макаби од Хаифа Барак Бахар дојде на средината со големата ѕвезда Еран Захави.

Бахар беше исклучен, беа покажани уште неколку црвени картони, додека навивачите почнаа да влегуваат во теренот, па реагираше полицијата која побара прекин на натпреварot.

Можно е на Макаби Хаифа да им бидат одземени бодови, постои и опција натпреварот да заврши 0-0, а не е исклучено натпреварот да биде продолжен во друг термин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Делии“ направија хаос, претеепаа едно лице во градот кој е полн и со хрватски навивачи (Видео)

Бројни навивачи на Црвена Звезда вчера пристигнаа во Малме, каде нивниот тим денес ќе одиг…