Дербито на израелското првенство помеѓу двата Макаби, тој од Хаифа и Тел Авив, беше прекинато во 15-тата минута од судиското продолжение на првото полувреме.
Навивачите во неколку наврати дотогаш фрлаа бакљи и судијата го прекинуваше и продолжуваше натпреварот.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Особено на удар беше голманот на домашните Шариф Кеуф, околу кого летаа бакљи, а неколку го погодија. Ситуацијата се искомплицираше кога беше досуден пенал за гостите.
🇮🇱Натпреварот меѓу Макаби Хаифа и Макаби Тел Авив на Самми Офер требаше да биде голем, но за жал, насилството победи. По неколку немири од ултрасите на Макаби Хаифа, полицијата реши да не го продолжи второто полувреме. Голема штета.pic.twitter.com/lhPghIsb99
— BabaGol (@BabaGol_) Јануари 27, 2025
Давид Тургеман го реализираше пеналот, а потоа одлучи да го прослави голот пред домашните навивачи, кои одговорија со факли и петарди.
Ситуацијата дополнително се влоши кога тренерот на Макаби од Хаифа Барак Бахар дојде на средината со големата ѕвезда Еран Захави.
Барак Бахар треба долго време да седи на трибините поради ова. pic.twitter.com/1QZxpqo7Ef
— Nisim Haliva✍️🎙 (@HalNisim) Јануари 27, 2025
Бахар беше исклучен, беа покажани уште неколку црвени картони, додека навивачите почнаа да влегуваат во теренот, па реагираше полицијата која побара прекин на натпреварot.
Можно е на Макаби Хаифа да им бидат одземени бодови, постои и опција натпреварот да заврши 0-0, а не е исклучено натпреварот да биде продолжен во друг термин.