Дома Фудбал Hansi Flick го изгуби трпението и целосно го отпиша: “Можеш почнати да бараш нов клуб”

Hansi Flick го изгуби трпението и целосно го отпиша: “Можеш почнати да бараш нов клуб”

Барселона оваа сезона е прилично ефикасна, но јасно е дека напаѓачите не го даваат ефектот кој се очекува од нив.

Роберт Левандовски е колку-толку на прифатливо ниво, но тоа не може да се каже за Феран Торес кој во последните неколку месеци целосно испадна од вистинската форма.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Феран беше одличен во првиот дел од сезоната, но во последно време има проблеми кога станува збор за голови и е убедливо прв во Ла Лига кога се во прашање промашените шанси оваа сезона.

Не е тајна дека Барселона летово сака да го зајакне тимот, а примарно е да донесат нов напаѓач.

Големата желба е Жулијан Алварез од Атлетико Мадрид, но покрај него има уште неколку имиња бидејќи во Барселона моментално немаат можност да платат 100 милиони евра колку што изнесува неговата цена.

Барселона ќе мора прво да продаде неколку првотимци за да собере пари и да направи простор во буџетот за нови играчи, а каталонскиот Спорт пишува дека се знае и кој е првиот што го отпишале.

Тоа е токму Феран за кого Флик дал зелено светло клубот да го продаде во случај да пристигне добра понуда и дека ги исцрпал сите свои шанси што му ги дал германскиот стручњак.

Флик не е задоволен од играта на Феран и би сакал клубот да го остави Левандовски како резервна опција за новата сезона, а наместо Феран да доведе некој нов напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Покетино сака да се врати во Премиер лигата: Ми недостига англискиот фудбал

Маурисио Покетино, селектор на Соединетите Американски Држави, кој се поврзува со менаџерс…