
Седумкратниот светски шампион ја заврши трката во Барселона на шестата позиција, без вистинска борба и со недостиг од вистинско темпо, опишувајќи ја оваа трка како најлошата откако ја носи црвената комбинација.
Во раната фаза на трката во Шпанија, Хамилтон беше на четвртото место, но со текот на времето драстично го губеше темпото.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Во еден момент беше приморан да го пропушти Шарл Леклер, кој имаше подобро темпо, а подоцна беше престигнат и од Нико Хулкенберг во Заубер.
На крајот ја заврши трката како седми, но поради казната на Макс Ферстапен се најде на шестото место.
Шефот на тимот, Фред Васер, потврди по трката дека и Хамилтон и Леклер се соочуваа со проблеми во болидите, но не сакаше да открие конкретни детали.
Хамилтон, пред трката во Канада, беше прилично воздржан во врска со проблемот, но призна дека тој имал сериозно влијание.
“Огромно, огромно влијание. За жал, тимот не сака премногу да зборуваме за тоа, но и двајцата имавме проблеми кои нè задржуваа уште од средината на трката”, рече Хамилтон.
“Не знаев точно што се случуваше, но преку радиото реков дека чувството во болидот е најлошото досега – и навистина беше, токму поради тој проблем.”
“На крајот на трката помислив: ‘Боже, никогаш не сум почувствувал нешто толку лошо при возење во толку долг период.'”
Хамилтон изгледаше доста обесхрабрен веднаш по трката, а во интервју за Sky Sports F1 дури и се извини на новинарката Рејчел Брукс поради своето расположение.
Но, според него, откривањето на проблемот во тимот после тоа му донесе олеснување.
“Дури по ТВ интервјуто се вратив кај инженерите и тогаш откривме дека навистина постоел проблем,” објасни Хамилтон.
“Беше тоа некакво олеснување бидејќи се чувствував ужасно, но кога дознав дека нешто не е во ред со болидот, веднаш ми се олесни.”
Иако Ферари не сакаше да открие каков бил проблемот, јасно е дека нешто се случило што имаше влијание настапот на Хамилтон.
Леклер, иако имаше слични пречки, успеа да извлече повеќе од својот болид, дополнително нагласувајќи колку сериозно беше погоден Хамилтон.
Фото: Scuderia Ferrari HP/X