Дома Моторспорт Хамилтон по освоената пол-позиција за спринтот: Не можам да поверувам

Хамилтон по освоената пол-позиција за спринтот: Не можам да поверувам

Луис Хамилтон ја освои спринт пол позицијата во Шангај, носејќи му на Ферари прва стартна позиција во драматичните квалификации!

Седумкратниот шампион блесна во последните моменти, поставувајќи време 1:30.849, што беше доволно да го надмине Макс Верстапен за само 0.018 секунди.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Третото место го зазеде Оскар Пјастри, додека зад него завршија Чарлс Леклер и Ландо Норис.

Како и секој возач на Ферари, првата пол позиција со италијанскиот тим се памети, дури и ако е во спринт формат.

“Да се дојде тука, на патеката што е толку омилена и во Шангај, прекрасно место и времето е одлично и болидот оживе од првиот круг. Значи, направивме добри промени, тимот заврши одлична работа за време на паузата за да го подготви болидот и искрено сум во шок. Не можам да поверувам дека дојдовме до пол позиција, се разбира е спринт, не е главната трка и имаме работа за утре, но ова е добар чекор напред”, заклучи Хамилтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Се друго остана во сенка: Тежок пад на Маркез во Холандија

Возачот на Дукати, Марк Маркез, беше најбрз на првиот слободен тренинг пред Големата награ…