Дома Фудбал Хамес во потрага по нов клуб – има два фаворити за неговиот потпис!

Хамес во потрага по нов клуб – има два фаворити за неговиот потпис!

По само четири месеци, Рајо Валјекано и Хамес Родригес ја прекинаа соработката.

Сега се чека нов клуб за поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и еден од најскапите играчи на тој клуб, има неколку понуди на масата, а можеби најдобрата е од Колумбија каде што би можел да стане најплатениот играч на таа земја.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Жуниор му нуди плата од 300.000 долари месечно, што е повеќе од Радамел Фалкао кој во Милионариос има нешто помалку.

Инаку, Родригес имаше 4 милиони евра годишна плата во Рајо, но одигра само 7 натпревари за тој тим, иако беше најплатениот.

Од друга страна, неговиот поранешен клуб, Банфилд, исто така го сака во своите редови, тие се подготвени да му понудат договор до декември 2026 година, што исто така е примамливо за Колумбиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим го отпиша, но тој не сака да го напушти Јунајтед поради големата плата – одби неколку понуди!

И покрај тоа што тренерот Рубен Аморим во пролетниот дел од минатата сезона во дури девет …