
Ерлинг Халанд, фудбалскиот ас на Манчестер Сити, стана сопственик на најскапата норвешка книга на сите времиња, која ја купи за импресивни 1,3 милиони круни, еквивалентни на околу 115 илјади евра, но не се планира да ја задржи за себе.
Ова вредно издание тој решил да го подари на општината Тиме, каде што го поминал детството, како што објавија медиумите во Норвешка.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Станува збор за уникатно издание на кралските саги од авторот Снори Стурлусон од 1594 година, во верзија на Матис Стурсон. Книгата е опишана како “икона над иконите” и единствениот целосен примерок што бил приватна сопственост.
Според експертите, ова дело се смета за еден од најзначајните артефакти на норвешкото културно и историско наследство, дури и поважен од познатите “Норвешки народни бајки” на авторите Петер Кристијан Асбјорнсен и Јорген Мо.
Книгата претставува едно од првите печатени дела за норвешката историја и имала клучна улога во преносот на кралските саги од средновековната ракописна традиција во печатена форма, со што се смета за значаен споменик на норвешкото историописание.
Оваа книга беше продадена на аукција во декември од колекцијата на Јохан Фредрик Одфјел, а подоцна беше откриено дека купувачи се Ерлинг Халанд и неговиот татко Алфи.
Во изјавата за медиумите, Халанд наведе дека сака да ја подари книгата на луѓето од неговата родна крај.
“Никогаш не сум бил страствен читател, но сакам оваа книга секогаш да биде отворена за луѓето кои доаѓаат од мојот крај, од Брине и Йерен”, изјавил Халанд.
Заедно со донацијата, тој најави и специјално натпреварување за деца и млади кое ќе биде организирано по тој повод.
Erling Haaland, 430 yıllık bir Viking kralları destanı el yazmasına (Snorre Sturlason’un ‘Kongesagaer’ isimli el yazması) 118.000 € (6 milyon ₺) ödeyip satın aldı ve memleketi Stavanger’e bağışladı. pic.twitter.com/0OtTC49hTn
— gdhspor (@gdh_spor) March 24, 2026