Дома Фудбал Халанд го сруши Тотенхем, Јунајтед едвај против Ипсвич

Халанд го сруши Тотенхем, Јунајтед едвај против Ипсвич

Манчестер Сити се избори за победа на гости против Тотенхем, додека Јунајтед едвај го совлада Ипсвич на домашен терен.

На Олд Трафорд, натпреварот започна разочарувачки за Манчестер јунајтед. Ипсвич постигна гол во четвртата минута преку Филоген.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Јунајтед израмни во 22-рата минута, благодарение на автоголот на Морси. Само неколку минути подоцна, Де Лихт ја зголеми предноста на 2-1.

Ипсвич одговори со уште еден гол пред крајот на првото полувреме, поставувајќи резултат на 2-2. Сепак, Мегваер му обезбеди победа на домаќините.

Што се однесува до „граѓаните“, тие со минимални 1-0 триумфираа во Северен Лондон. Ерлинг Халанд беше стрелец на единствениот гол, кој го постигна во 12-тата минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан ја наполни касата со (не)очекувана продажба во Саудиска Арабија

Синоќа официјално заврши приказната помеѓу Јацин Адли и Милан. Фудбалерот со пасоши од Алж…