Дома Фудбал Халанд броеше до пет, Норвешка до 11!

Халанд броеше до пет, Норвешка до 11!

Фудбалската репрезентација на Норвешка триумфираше над Молдавија на свој терен во квалификациите за Светското првенство, со неверојатни 11:1. Натпреварот во Осло го одбележа Ерлинг Халанд, кој постигна дури пет голови против гостите.

Норвежаните уште во првото полувреме го решија прашањето околу победникот, откако на паузата заминаа со водство од пет голови.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во тој дел од играта Ерлинг Халанд направи хет-трик, а по еден гол додадоа Феликс Мире и Мартин Одегар.

Во втората половина од натпреварот, напаѓачот на Манчестер Сити уште два пати го затресе голот на ривалите, додека резервистот Тело Асгард забележа четири погодоци.

Со максимални пет победи и 15 бодови, Норвешка сега е на чело на Групата I, пред Италија која има девет бодови и натпревар помалку. Само победникот на групата директно се квалификува на Мундијалот, додека второпласираниот мора во бараж.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Jувентус на чекор од нов тренер: Пристигнува поранешнниот селектор на Италија!

Јувентус е во напредни преговори со поранешниот тренер на Италија и Наполи, Лучано Спалети…