Дома Фудбал Гвардиола ја отвори душата како никогаш досега: Сакам да го напуштам фудбалот

Гвардиола ја отвори душата како никогаш досега: Сакам да го напуштам фудбалот

Еден од најголемите експерти што светот на фудбалот некогаш го видел, тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола, е уморен од фудбалот и ја отвори душата како никогаш досега во шпанскиот подкаст.

Гвардиола беше гостин на популарниот YouTube канал Desmontadito кај Дани Гарсија и таму зборуваше за продолжувањето на договорот, идните планови и уморот што му го донесе фудбалот.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Иако Гвардиола само пред неколку недели го продолжи договорот со Манчестер Сити за уште две години, по траењето на тој договор беше јасно дека каталонскиот стратег е заситен од сè, па не продолжи на подолг временски период.

Во разговорот со Дани Гарсија порача дека сака да се повлече и да се посвети на голфот, за да одмори. Додаде и дека преземањето друг клуб во блиска иднина не е опција.

“Сакам да го напуштам фудбалот и да одам да играм голф, но не можам. Ќе дојде време кога ќе почувствувам дека е доволно и тогаш дефинитивно ќе запрам. Нема да водам друг тим”, рече Гвардиола и објасни:

“Не зборувам за долгорочната иднина, но она што нема да го направам сега е да го напуштам Манчестер Сити и да одам во друга земја да работам истото што и сега. Не би имал енергија за нов клуб. Сè уште сум тука и го правам она што го правам, но мислата за почеток некаде друго, со сите процеси на обука и така натаму… Не, не и не! Можеби би можел да преземам некоја репрезентација, но и тоа е сè различно. Мислам дека пауза сега би ми дошла добро”, порача славниот шпански стратег.

Гвардиола, освен голфот, откри што уште би сакал да научи во текот на својот живот. Едно од нив е францускиот јазик.

“Уште сум млад и кога ќе престанам, има неколку работи кои сакам да ги направам. Една од нив е да научам француски, да го посветам слободното време на себе за да играм голф, а потоа и да почнам да готвам едноставни работи”, открива Гвардиола.

Емоционалното обраќање го заклучи со зборовите дека е осамен како фудбалски тренер.

“Почетната точка во решавањето на проблемите со резултатите е престојот со луѓе, но никој не може навистина да ја утеши осаменоста на фудбалскиот тренер”, заклучи Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скапо платениот ас на Баерн постигна гол каков што ретко се гледа: Погоди како во видео игра! 🎥

Фудбалерите на Бајерн во Гелзенкирхен убедливо го совладаа украинскиот Шахтар со резултат …