Дома Фудбал Гвардиола уште еднаш покажа дека е гениј: Договорен е фудбалер од 60 милиони евра!

Гвардиола уште еднаш покажа дека е гениј: Договорен е фудбалер од 60 милиони евра!

Манчестер Сити наводно го договори првото засилување за следниот преоден рок, кое ќе биде платено околу 60 милиони евра.

Откако во последно време играат многу слабо, Манчестер Сити во јануари доведе некои нови играчи, додека некои нормално го напуштија „Етихад“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Така, во клубот пристигнаа Виктор Реис, Абдукодир Хусанов, Омар Мармош и Нико Гонзалез, а се потрошија над 200 милиони евра за нив.

Многу се зборуваше дека Манчестер Сити е заинтересиран за ѕвездата на Јувентус, а станува збор за Андреа Камбијасо.

Сепак, од тој договор на крајот не дојде ништо, бидејќи „Граѓаните“ одлучија парите да ги насочат кон други фудбалери.

Сега се појави информација дека Камбијасо всушност е договорен за следното лето и дека ќе дојде во Манчестер Сити на почетокот на преодниот рок.

Како што тврди италијанскиот медиум „ТутоСпорт“, но и многу англиски медиуми, Манчестер Сити и Јувентус го договориле трансферот со вредност од околу 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќерката на легендарниот фудбалер е вистинска „бомба: На 19 години веќе заработува богатство!

Ќерката на славниот италијански фудбалер Франческо Тоти сè повеќе го привлекува вниманието…