
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја презема целата вина за лошите резултати на неговиот клуб оваа сезона.
„Граѓаните“ се четирикратни последователни шампиони на Премиер лигата, а моментално се дури на петтото место со дури 22 бода помалку од лидерот Ливерпул. Иако до крајот на натпреварувањето останале уште девет натпревари и трката за трофејот математички не е завршена, евидентно е дека тимот од Етихад ќе ја заврши сезоната далеку под очекувањата.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Во Лигата на шампионите шампионот на Англија е елиминиран во осминафиналето од Реал Мадрид (2:3, 1:3).
Сити сè уште се бори за место во елитното европско натпреварување следната сезона, но и се натпреваруваат за ФА Купот. Таму Сити во четвртфиналето ќе се соочи со Борнмут.
Шпанецот своето водство на тимот оваа сезона го оцени како исклучително лошо.
“Противниците никогаш не ни поставуваа црвен тепих за освојување на трофеите што ги освојувавме во минатото. Моја должност беше да ја надминам ситуацијата многу подобро од оваа сезона”, самокритичен е поранешниот стратег на Барселона и Баерн.
“Нашите стандарди не беа добри, како и многу други нешта. Тоа е реалноста и освојувањето на купот или влезот во Лигата на шампионите тоа нема да го промени.”
Каталонскиот стратег никогаш во својата тренерска кариера не завршил под третото место во првенството, а со Сити во досегашните осум сезони освои дури шест титули од Премиер лигата.
На тоа има додадено по една титула од Лигата на шампионите и Европскиот суперкуп, како и четири титули од Лига купот и два англиски ФА Купа.