Дома Фудбал Гвардиола: Шест бода разлика се многу, земајќи го предвид настапот на Арсенал

Гвардиола: Шест бода разлика се многу, земајќи го предвид настапот на Арсенал

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше пред медиумите пред утрешниот натпревар дома против Фулам во Премиер лигата. „Граѓаните“ победија драматично со 2:1 на гостувањето кај Ливерпул и продолжуваат да бидат 6 бода зад лидерот Арсенал на табелата.

„Вчера не ги видов играчите и денес исто така не сум ги видел, ќе видиме. Разликата сеуште не е голема, но земајќи го предвид настапот на Арсенал, шест бода се многу. Следниот натпревар е против тим како Фулам, кој со секоја измината година станува сè подобар, така што ќе видиме.“

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Дали можеме да го издржиме притисокот за борба за титулата? Кога имате 65% до 70% нови играчи, немаме тоа што го имавме во минатото. Порано, по втората или третата сезона, успеавме и докажавме дека можеме да се справиме добро. Но сега треба повторно да го докажеме тоа. Не знам дали сме во состојба да победиме три, четири, пет, шест натпревари по ред. Не знам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал: Името на Рибери се појави во документите за Епстин

Легендарниот француски фудбалер Франк Рибери (42) ќе поднесе тужба откако неговото име се …