
Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити, изјави дека не знае дали играчот од средниот ред Родри (29) ќе игра во среда во дуелот од Лигата на шампионите на гостувањето кај Монако, додавајќи дека шпанскиот репрезентативец во моментов не може да игра три натпревари неделно.
Освојувачот на „Златната топка“ во 2024 за најдобар фудбалер во светот беше надвор од теренот осум месеци поради тешка повреда на коленото. Заради тоа ја пропушти речиси целата мината сезона и на терен се врати кон крајот на мај. Но, на летното Светско клупско првенство во САД заработи повреда на препоните.
Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска
Во новата фудбалска сезона запиша пет настапи за Сити, при што четири пати беше во почетниот состав. Меѓутоа, во саботниот првенствен натпревар против Барнли, кој Сити го доби со 5:1, не беше во тимот.
„Родри ден пред натпреварот со Барнли не се чувствуваше добро. Денес се чувствува многу подобро, па ќе видиме. Не е иста ситуацијата како на Светското клупско првенство, сега не е повреден. Мислам дека во моментов не е во состојба да игра три натпревари неделно на највисоко ниво. За целосно закрепнување од таква повреда потребно е барем една година”, рече Гвардиола во вторникот на конференција за новинари.