Дома Фудбал Гвардиола подготвува летен трансфер каков што не се памети во фудбалот

Гвардиола подготвува летен трансфер каков што не се памети во фудбалот

Манчестер Сити игра една од најслабите сезони откако Пеп Гвардиола дојде во клубот. „Граѓаните“ сѐ уште немаат обезбедено пласман во Лигата на шампионите, тимот не е доминантен како претходните години, а тоа предизвика реакција кај шпанскиот стратег кој подготвува неслучајно трансфер лето.

Манчестер Сити подготвува навистина спектакуларно трансфер лето. Граѓаните би можеле да добијат навистина врвни засилувања со кои повторно би биле главни кандидати за врвот на Премиер лигата.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Заминувањето на Кевин Де Брујне тимот од Манчестер ќе се обиде да го компензира со доведување на ѕвездата на Бајер од Леверкузен Флоријан Вирц. Клубот за овој играч подготви 150 милиони евра, а чини се дека и самиот фудбалер е импресиониран од фактот дека Пеп силно го посакува и нема да биде изненадување ако на крајот од сезоната потпише за Граѓаните.

Лесно може да се случи Вирц да не биде најскапото засилување на Сити летово. Одредени шпански медиуми тврдат дека англискиот тим е подготвен да одвои неверојатни 200 милиони евра за да ја доведе ѕвездата на Барселона Педри.

Фото: Манчестер Сити/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изгледа е готово: Вчера можеби заврши дебатата околу „Златната топка“!

Доколку поразот од Челси во финалето на Светското клупско првенство внесол сомнеж кај неко…