Дома Фудбал Гвардиола открива кој е проблемот со Халанд: Ништо не трае вечно

Гвардиола открива кој е проблемот со Халанд: Ништо не трае вечно

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола чесно го призна поразот по елиминацијата од Реал во Мадрид во баражот за осминафиналето на Лигата на шампионите.

Во реваншот од баражот за осминафиналето од елитното натпреварување, „кралевите“ славеа со резултат 3:1, што донесе вкупно 6:3 во двомечот.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


„Подобрите победија. Ние го немаме ритамот што го има Реал Мадрид, на сите полиња. Денеска беа многу подобри на сите полиња, имаа повеќе сопственост, подобро се бранеа високо и ниско, беа подобри на теренот. Честитки за Реал Мадрид”, рече Гвардиола веднаш по мечот во “микс зоната”.

Потоа на прес-конференцијата ги изнесе своите видувања за целокупната ситуација во Манчестер Сити, кој го претрпе рекордниот 13. пораз во една од најлошите сезони во поновата историја.

„Ништо не е вечно. Бевме извонредни во минатото, но повеќе не сме“, изјави Гвардиола и додаде:

„Мораме да се обидеме чекор по чекор да бидеме подобри од денеска. Имаме 13 натпревари во Премиер лигата и мораме да бидеме меѓу првите четири или пет за повторно да се обидеме да влеземе во Лигата на шампионите. Халанд се обиде да тренира. Снимките покажаа дека е добро, но има непријатно чувство во грбот. Ми кажа дека не е подготвен да игра“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија се бори против расизмот, а еден клуб предложи неверојатна идеја: Се да биде решено со – црвен картон!

Поранешниот шпански прволигаш, екипата Малага, смисли една посебна идеја, која ќе ја предл…