Дома Фудбал Гвардиола одлучил: На местото на Де Брујн го сака еден од најдобрите фудбалери во Серија А?

Гвардиола одлучил: На местото на Де Брујн го сака еден од најдобрите фудбалери во Серија А?

Манчестер Сити најверојатно остана без најголемата желба на клубот Флориан Вирц, па се сврте кон доведување на најдобриот играч на Милан, Тијани Рејндерс.

Граѓаните на Пеп Гвардиола се подготвуваат за живот без Кевин Де Брујн, најважниот фудбалер и “моторот” на играта на клубот кој најави своето пензионирање на крајот од сезоната.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Прва желба за негов наследник за Пеп беше Флоријан Вирц од Леверкузен, но како што стојат работите тој ќе го облече дресот на Баерн.

Првата алтернатива веќе е реална работа, а тоа е одличниот офанзивен играч на Милан, Тијани Рејндерс, кој во изминатата година го зацврсти своето место како најдобар играч на „Росонерите“.

Според угледниот британски Телеграф, но и неколку италијански инсајдери, Манчестер Сити сериозно се насочи кон Рејндерс и тој моментално е желба број еден за клубот од Етихад.

Дури и во Милан се подготвени да го продадат, но исклучиво за клупски рекорд. Најјскап трансфер на фудбалер кој заминал во Милан е Рикардо Кака кој за 67 милиони евра се пресели во Реал Мадрид.

Рејндерс автоматски би го засилил средниот ред на Манчестер Сити, а тој е калибар на играч кој целосно одговара на Пеп Гвардиола и претставува токму она што му треба на клубот со неговото извонредно чувство за постигнување голови и креирање игра.

Милан најверојатно ќе биде принуден да продава некои од своите најдобри играчи бидејќи веќе остана без Лигата на шампионите. Дополнително, силните финансиски можности на Манчестер Сити го оставаат Милан во неповолна позиција, иако Рејндерс неодамна го продолжи својот договор со клубот.

Веќе е познато колку ќе изнесува првата понуда на Граѓаните. Таа изнесува 60 милиони евра, плус 10 милиони бонус, што „Росонерите“ би можеле веднаш да ја прифатат.

Фото: Manchester City/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола тргнува по потпис на една од ѕвездите на Барселона

Пеп Гвардиола гледа кон Барселона и сонува за Дани Олмо. Манчестер Сити сака да донесе мод…