
Пеп Гвардиола изјави за ESPN дека, иако сè уште не знае дали ќе се пензионира кога ќе го напушти Манчестер Сити, „сигурен“ е дека ќе земе пауза од тренерската работа. Гвардиола (54) го води Сити веќе девет години, што е најдолгиот тренерски мандат во неговата кариера – претходно беше тренер на Барселона четири години и три години на Баерн Минхен. Во ноември потпиша нов двегодишен договор кој треба да го одржи на “Етихад” до 2027 година. Претходно, неговиот договор истекуваше на крајот на оваа сезона.
Откако во 2016 година го презеде Сити, Гвардиола постигна неверојатен успех – освои шест титули на шампион на Англија и го доведе клубот до историска победа во Лигата на шампиони како дел од тројната круна во сезоната 2022/23. Сепак, актуелната сезона беше исклучителен предизвик за Гвардиола и неговиот тим. Сити заостанува дури 21 бод зад новиот шампион Ливерпул и се бори за пласман во Лигата на шампиони за следната сезона.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
“Сакам луѓето да ме паметат како што тие сакаат”, рече Гвардиола за „ESPN“
Сите тренери сакаат да победуваат за да се паметат по нешто големо, но верувам дека навивачите на Барселона, Баерн и Сити уживаа гледајќи ги моите тимови како играат. Мислам дека не треба да живееме размислувајќи дали ќе нè паметат.
Кога ќе умреме, семејството по нас жали два-три дена и потоа е готово – ќе бидеме заборавени. Во тренерската кариера има и добри и лоши моменти, а најважно е тие најдобрите да се паметат малку подолго. На крај краева, не е важно што луѓето мислат за тебе. Животите на нас тренерите и на фудбалерите беа многу добри. Пред нас се нови предизвици, не знам што ме чека, но на крајот тоа и не е најважно.”
Фото: Manchester City/X