Дома Фудбал Гвардиола одговори на критиките: Кога ќе загубам сум „масакриран“, а кога ќе победам – генијалец!

Гвардиола одговори на критиките: Кога ќе загубам сум „масакриран“, а кога ќе победам – генијалец!

Пеп Гвардиола застана во одбрана на неговите избори за тимот по поразот во Лигата на Шампионите против Реал Мадрид, изјавувајќи дека бил “масакриран” поради своите одлуки. Вo долг коментар од четири минути и 25 секунди, Каталонецот се осврна на поразот од 3:0 на Бернабеу во средата вечерта, откривајќи дека бил свесен за критиките на социјалните мрежи поради тимот кој го избрал за победата против Newcastle United во Купот на ФА минатиот викенд.

Гвардиола се најде под удар на критики бидејќи против Реал се откажа од тесната формација во средниот ред која ја користеше последните неколку недели. За оваа средба избра два класични крила, Жереми Докуа и Савињо, додека пак на позицијата лев бек се врати Нико О’Рејли, наведува Daily Mail.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


“Колку пати слушам: ‘Пеп е генијалец’ поради изборот за тимот? Си генијалец ако победиш. Што се случи во Њукасл? Дали ги читавте коментарите пред натпреварот на социјалните мрежи за мојот избор на играчи?” запраша Гвардиола.

“Како тоа Родри не игра, како Бернардо Силва не игра, зошто не игра овој играч, како го оставаш Ерлинг дома? Победивме со 3:1. Потоа, ‘о Пеп, како си бил блескав'”, продолжи тој.

Гвардиола тврди дека добива жестоки критики секојпат кога Сити губи, а добива пофалби кога работите одат добро, дури и ако претходно имало загриженост околу неговиот избор на тимот. При ова, тој гестикулирајќи имитираше пукање додека ги опишуваше критиките за неговите одлуки во Лигата на Шампионите.

“Водам тимови во тој турнир веќе 17 години и секојпат кога ќе загубам, бум, Господе мој. Бум, бум, бум”, изјави тој. “Бев масакриран. Слушнете, играв финале на ЛШ без Фернандињо и Родри како дефанзивни средни играчи против Челси. Мислите ли дека тоа е нормално? Не, искрено. Гундоган играше тогаш. Бев уништен.”

Се присети на контроверзниот избор на Илкај Гундоган во финалето во 2021 година, кое Сити го загуби од Челси. “Знаев како играа Родри и Фернандињо, тоа не беше Родри кој го запознавме подоцна, а на другите позиции одлуките доаѓаат од многу, многу, многу причини, поради начинот на кој се справувате со притисокот и другите фактори. Можам да го објаснам тоа, но дали тоа ќе ве увери следниот пат?”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Семењо веќе ги оправдува парите, блесна во Сити уште во првиот месец!

Фудбалерот на Манчестер сити, Антоан Семењо, ја освои наградата за играч на месецот во Пре…