Дома Фудбал Гвардиола објасни зошто се карал со Дин Хендерсон

Гвардиола објасни зошто се карал со Дин Хендерсон

Пеп Гвардиола се караше со голманот на Кристал Палас Дин Хендерсон на теренот по неочекуваниот пораз на Манчестер Сити со 0:1 на финалето од Купот на Фудбалската асоцијација во саботата.

Менаџерот на Сити беше незадоволен од тоа, што Хендерсон губеше време секогаш кога имаше таква можност.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Гвардиола беше бесен и постојано се приближуваше до Хендерсон по завршниот свиреж на “Вембли”.

“Видете, тој ја брани својата позиција, ние ја браниме нашата позиција. Разбирам во последните минути (губење време), но една или две минути… тој е Британец. Знаете, во англискиот фудбал треба да се игра,” изјави тренерот.

“Секој може да прави што сака. Треба да постигнуваш голови. Не изгубивме затоа што Хендерсон губеше време. Во моите тимови никогаш не сум се обидувал да губам време, затоа што се обидувам да играм фудбал кој луѓето заслужуваат да го гледаат,” додаде Гвардиола.

“Точно, ни дадоа 10 минути додадено време, но прашањето е во ритамот и да ги оставиме 22-те да играат, да играат… Гледате Барселона сега, тие напаѓаат, напаѓаат, напаѓаат, другиот тим напаѓа и напаѓа, и шоуто е преубаво. Го разбирам неговиот став. Но честитки за Хендерсон и Кристал Палас, тие се бранеа добро и не успеавме да постигнеме гол,” прокоментира тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн со порака до Сане: „Не сакаш? Нема проблем“.

Фудбалерите на Баерн се во исчекување на голема прослава со своите навивачи во Минхен, дод…