
Извесно е дека Манчестер Сити нема да ја одбрани титулата. Исто така извесно е дека ќе биде најслабо пласиран во Премиер лигата уште од првата сезона на Пеп Гвардиола на клупата. Самиот тренер е свесен дека една ера на Етихад е завршена.
Манчестер Сити само во првата сезона под Пеп Гвардиола не беше прв или втор. А моментално, тимот од Манчестер е четврти со дури седум бода помалку од второпласираниот Арсенал.
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
Сепак, во таа сезона 2016/17, Граѓаните не освоија ниту еден трофеј, а оваа успеаја да го освојат Комјунити Шилд, а сè уште се во конкуренција за ФА Купот. Поради тоа, тешко е да се зборува за историски ужасна сезона, како што се претставува во медиумите.
Барем така не може да се зборува додека не заврши, бидејќи ако се освои ФА Купот и се избори позиција која води во Лигата на шампионите, сезоната нема резултатски да биде ни приближно катастрофална. Но, фактот што тимот го загуби оној ореол на доминантност стекнат во претходните години некако го засили впечатокот дека е крајот на светот за Сити.
– Стариот Сити беше многу добар. Но, повеќе никогаш нема да биде таков. Меѓутоа, ние ќе се вратиме. Место во Лигата на шампионите би било добар резултат за нас оваа сезона – рече Гвардиола.
Граѓаните моментално се четврти на табелата со еден бод повеќе од петтопласираниот Челзи. Сепак имаат и само еден бод помалку од третопласираниот Нотингем Форест.