Дома Фудбал Гвардиола не се шегува: Во Манчестер сити пристигнува трио од 150 милиони евра

Гвардиола не се шегува: Во Манчестер сити пристигнува трио од 150 милиони евра

Манчестер Сити би можела да биде екипата што ќе го обележи јануарскиот трансфер период.

Како што беше откриено, Омар Мармуш ќе биде третото засилување оваа зима, бидејќи само детали го делат од заминување од Ајнтрахт на “Етихад”.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Флоријан Плетенберг откри дека Сити нуди 70 милиони, Ајнтрахт бара 80, така што е извесно дека “граѓаните” ќе понудат дополнителни бонуси за да склучат договор во наредните 48 часа.

Тој додава дека е извесно дека Мармуш нема ни да биде во составот за дуелот со Борусија Дортмунд и дека веќе до викендот може да пристигне во Манчестер на лекарски прегледи и потпис на договор до 2029 година.

Фабрицио Романо потсетува дека Абдукодир Хусанов во наредните 48 часа исто така ќе потпише, штом ја добие работната дозвола, а по него и Витор Реис од Палмеирас.

Сити ќе плати на Ленс 40 милиони евра за Хусанов, а исто толку и на Палмеирас за Реис. Пеп така ќе добие млади стопери од 19 и 20 години, а очекувајте дека Бразилецот ќе се обиде да го подготви како десен бек или десен стопер во формацијата со тројца централни дефанзивци.

Кога сè се собере, Сити ќе плати за ова трио околу 150 милиони евра, а таа бројка може да се зголеми за неколку милиони во случај на бонуси во рамките на трансферот на Мармуш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај за ВАР во една европска земја? Дури 18 клуба гласаа за укинување на технологијата!

ВАР технологијата од својата имплементација предизвика поделени мислења околу својата (не)…