![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/screenshot-2025-02-08-155225-850x491.jpg)
Еден од најочекуваните спортски настани овој викенд е дуелот меѓу мадридските ривали Реал и Атлетико, кој ќе се игра во сабота од 21 часот.
Реал Мадрид е моментално лидер во Ла Лига со 49 поени, Атлетико има само еден поен помалку, па судирот на Сантјаго Бернабеу е од голема важност во борбата за титулата. Сето ова внимателно ќе го следат Каталонците, кои гостуваат кај Севиља и се надеваат да се приближат до ривалите од Мадрид.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Дуелот на Реал и Атлетико ќе биде навистина многу интересен, а таквите средби обично носат многу прекршоци, груба игра, картони, непријатни сцени…
Но за тоа, потоа. Ова ќе биде уште една шанса за еден од главните скаути на Манчестер Сити да ја погледне лично големата желба на Пеп Гвардиола. Менаџерот на Манчестер Сити наводно испратил свој човек на стадионот со јасна намера..”
Поранешнот шкотски фудбалер Пол Диков кој е денес скаут на ангискиот гигант така ќе има целосен фокус од 21 часот на играчот од средината на Реал Џуд Белингам. Англискиот репрезентативец е стара желба на Сити и Гвардиола, уште кога играше во Борусија Дортмунд, но играчот на крајот потпиша за Реал.
Иако Белингам го избра Реал пред Сити, „Граѓаните“ не губат надеж, веруваат и сонуваат за неговиот потпис. Меѓутоа, навивачите на Реал Мадрид не би требало да бидат загрижени за тоа, бидејќи Белингам повеќепати јасно стави до знаење дека сака да го носи само дресот на Реал и дека друг клуб не го интересира.