Дома Фудбал Гвардиола изненади и го спореди Вокер со најголемите во историјата!

Гвардиола изненади и го спореди Вокер со најголемите во историјата!

Менaџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, упати големи пофалби за својот поранешен играч Кајл Вокер пред неговото враќање на Етихад како дел од тимот на Барнли.

Шпанскиот тренер истакна дека го рангира 35-годишниот англиски бек рамо до рамо со легендите како Кафу, Хавиер Занети и Лилијан Тирам.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


„Апсолутно. Тој е еден од најдобрите бекови на сите времиња. Кога требаше да контролираме странични играчи со најдобрите крила, спиев мирно знаејќи дека Вокер е таму. Со својата брзина можеше да запре и врвни играчи“, рече Гвардиола.

Вокер го носеше дресот на Сити осум сезони, беше и капитен – освои шест титули во Премиер лигата, Лигата на шампиони и шест домашни купови.

Минатата сезона делумно играше на позајмица во Милано, а оваа лето премина во Барнли.

„Неверојатна фигура во соблекувалната, секогаш беше тука и во добри и во лоши моменти. Минатата сезона беше тежок период за сите нас, но не сакам да судам играч според краток период. За мене, тој беше неверојатен“, заврши Гвардиола.

Сити во сабота во 16 часот ќе го пречека Барнли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед мисли на иднината – ќе ангажира 16-годишен голман!

Голманите кои минуваат низ младинската школа на Манчестер Јунајтед ретко добиваат шанса да…