Дома Фудбал Гвардиола има кошмарна сезона – никогаш досега не доживеал вакво понижување!

Гвардиола има кошмарна сезона – никогаш досега не доживеал вакво понижување!

Пеп Гвардиола ја има една од најтешките сезони во својата тренерска кариера, а кошмарот се продолжи со испаѓањето на Манчестер Сити од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Во реваншот од баражот за осминафиналето на елитното натпреварување, „кралевите“ славеа со резултат 3:1, што вкупно донесе 6:3 во двомечот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Веднаш статистичарите објавија неколку податоци кои за првпат му се случија на Гвардиола.

Пред сè, ова е првпат во дури 16 учества во Лигата на шампионите, неговиот тим да не стигне до осминафинале. Ова претставува вистинска реткост.

Исто така, синоќешниот пораз беше дури 13. оваа сезона за Манчестер Сити, што е најмногу досега што Гвардиола го доживеал во една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ендрик се враќа експресно во Реал Мадрид!?

Бразилскиот напаѓач Ендрик, кој на почетокот на јануари пристигна како позајмен играч во Л…