Дома Фудбал Гвардиола има фаворит за наследник на Де Брујне!

Гвардиола има фаворит за наследник на Де Брујне!

Откако Флоријан Вирц ги одби, Манчестер Сити изгледа го пронајде наследникот на Кевин де Брујне во Франција.

Според информациите на Фабрицио Романо, лидерите на Сити започнале разговори со Лион за потенцијалната купопродажба на францускиот ас Рајан Черки.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Дваесет и еднагодишниот Черки, оваа сезона во 44 натпревари за Лион постигна 12 гола и 20 асистенции, и не е чудо што е интерес на најголемите европски клубови.

Според Романо, Сити имаат и резервен план, во вид на фудбалер кој веќе долго време е ѕвезда на англискиот фудбал.

Имено, Морган Гибс-Вајт (25), кој оваа сезона во Премиер лигата постигна 7 гола и 10 асистенции, би можел да го напушти Нотингем Форест, а Сити е една од можните дестинации за него.

Фото: Manchester City/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луд гол во Серија А: Ја доби топката на својата половина, издрибла н неколку фудбалери и мајсторски погоди (Видео)

Семих Кличсој, младиот (20) напаѓач на Бешикташ кој е на позајмица во Каљари, против Торин…