Дома Фудбал Гвардиола им одржа лекција на навивачите: Не се враќајте повеќе за автограми, ве запаметив!

Гвардиола им одржа лекција на навивачите: Не се враќајте повеќе за автограми, ве запаметив!

Шпанскиот тренер Пеп Гвардиола им одржа лекција на младите навивачи кои дојдоа до него со дресови и фотографии, барајќи автограм од менаџерот на Манчестер Сити.

Имено, Гвардиола беше сниман како им вели да не го прават тоа повеќе, по што ги упати да се вратат на училиште.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


“Не се враќајте повеќе, нема да потпишувам. Ви ги запаметив лицата. Вратете се на училиште и подготвувајте се. Млади сте, не губете време”, им рече, па додаде:

“Вака сакате да го поминете животот? Навистина? Целиот живот со ова сакате да се занимавате? Подобро подгответе се, Кои се вашите соништа? Вежбајте!”

Англиските медиуми пишуваат дека Гвардиола нема проблем со потпишување дресови и сувенири, но се истакнува зголемувањето на трендот на собирање потписи од познати и славни луѓе само заради профит.

Навивачите поради тоа често чекаат пред тренинг центрите и ги чекаат играчите само за да ги продадат нивните автограми неколку часа подоцна.

Инаку, Гвардиола со неговиот тим се подготвува за продолжување на Премиер лигата, а Сити утре ќе гостува кај Брентфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …