Шпанскиот тренер Пеп Гвардиола им одржа лекција на младите навивачи кои дојдоа до него со дресови и фотографии, барајќи автограм од менаџерот на Манчестер Сити.
Имено, Гвардиола беше сниман како им вели да не го прават тоа повеќе, по што ги упати да се вратат на училиште.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
“Не се враќајте повеќе, нема да потпишувам. Ви ги запаметив лицата. Вратете се на училиште и подготвувајте се. Млади сте, не губете време”, им рече, па додаде:
“Вака сакате да го поминете животот? Навистина? Целиот живот со ова сакате да се занимавате? Подобро подгответе се, Кои се вашите соништа? Вежбајте!”
Пеп Гвардиола им држи лекција на ловците на автограми! 🫡
— City Chief (@City_Chief) January 12, 2025
„Сакате животот да го поминете правејќи го ова?“
pic.twitter.com/0RFLeosmNX
Англиските медиуми пишуваат дека Гвардиола нема проблем со потпишување дресови и сувенири, но се истакнува зголемувањето на трендот на собирање потписи од познати и славни луѓе само заради профит.
Навивачите поради тоа често чекаат пред тренинг центрите и ги чекаат играчите само за да ги продадат нивните автограми неколку часа подоцна.
Инаку, Гвардиола со неговиот тим се подготвува за продолжување на Премиер лигата, а Сити утре ќе гостува кај Брентфорд.