Фудбалерите на Манчестер Сити за малку избегнаа елиминација од Лигата на шампионите, но не беа претерано задоволни од ждрепката во елиминационата фаза.
Екипата на Пеп Гвардиола во баражот за осминафинале ќе игра против мадридскиот Реал, против кого играа дури осум пати во последните четири години.
Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓
“Ова веќе личи на дерби. Игравме секоја од последните четири години против нив. Ќе биде тешко”, изјави Пеп Гвардиола денеска во најава на дуелот против Арсенал.
Кризата на Сити се уште е присутна во одредена мера, иако го победија Челзи минатиот викенд и успееја да го свртат натпреварот против Клуб Бриж во решавачкиот меч за останување во елитното европско натпреварување.
Ги очекува пеколен февруари, што сигурно ќе го дефинира нивниот понатамошен тек на сезоната.
Во недела ги чека натпревар против Арсенал на “Емирејтс”, потоа ќе имаат шест дена одмор и меч со Лејтон Ориент во ФА купот каде што Пеп извесно ќе ги одмора играчите за тешкиот распоред кој ги чека. Три дена подоцна играат против Реал Мадрид на “Етихад”, а потоа повторно на истиот стадион ги чека Њукасл, па патуваат во Мадрид. Ќе го пречекаат Ливерпул на 23 февруари, па ќе гостуваат на Тотенхем пред да почне репрезентативната пауза.