Дома Фудбал Гвардиола го откри играчот кој не може да го замени: Едноставно, не можеме без него

Гвардиола го откри играчот кој не може да го замени: Едноставно, не можеме без него

МАНЧЕСТЕР СИТИ на својот терен го совлада Фулам со 3:0 во 26. коло од Премиер лигата, задржувајќи го притисокот врз водечкиот Арсенал. Лидерот има три бода повеќе и натпревар помалку од Сити. За победата погодија Антоан Семењо, Нико О’Рајли и Ерлинг Халанд.

По натпреварот, Гвардиола се осврна на играчот што го замени во 60-тата минута: „Бернардо Силва е играч што не може да биде заменет. Кога тој не е на теренот, мораме да играме во различен систем. Едноставно, не можеме без него. Тој е незаменлив”. Португалскиот офанзивен играч за врска (31) игра на левата страна на централниот дел од теренот во системот 4-3-3 и е капитен на тимот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во сегашната сезона, од 26 првенствени натпревари, Бернардо започнал во 22 како стартер, додека на четири влегол од клупата. Во Лигата на шампионите, од осум натпревари, на пет игра од стартот, додека по еднаш влегол од клупата, бил суспендиран и останал на клупата. 

Манчестер Сити го купи во летото 2017 година од Монако за 50 милиони евра. За Сити одиграл 442 натпревари со ефект од 74 гола и 78 асистенции. Освои шест англиски титули, едно Лига на шампиони, два ФА Купа и четири Лига купа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија денеска ќе ги дознае противниците во Лигата на Нации!

Во Брисел од 18:00 часот денеска ќе бидат извлечени групите за петтото издание на Лигата н…