Пеп Гвардиола вчера стави потпис на нов договор со Манчестер Сити и ќе остане на „Етихад“ до 2027 година.
Гвардиола на денешната пресконференција потврди дека дури и ако тимот биде исфрлен од Премиер лигата, тој ќе остане во клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Реков и пред шест месеци дека ако не исфрлат од Премиер – лигата, јас ќе останам. Дури и ако завршиме во Конференцијата, ќе се вратиме“, изјави Гвардиола.
„Почувствував дека морам да останам затоа што ме сакаа, се разбира, од очигледни причини – резултатите. Освен тоа, се познаваме долго време. Сите одлуки во мојот живот се засноваат на тоа како се чувствувам во тој одреден момент. Го направивме тоа за два часа. Зошто две години? Главно затоа што не сакам да бидам на позицијата „ова е крајот на Пеп“ во септември, октомври или ноември следната година. Би сакал да останам две години, но знам дека ако резултатите не се добри, нема да бидат толку долго“, додаде Пеп.