Дома Фудбал Гвардиола: Ја преземам вината, но не е само до мене

Гвардиола: Ја преземам вината, но не е само до мене

Фудбалерите на Манчестер Сити беа поразени во првиот натпревар од разигрувањето за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Иако водеа со 1:0 и 2:1 благодарение на головите на Ерлинг Халанд, Реал израмни преку Килијан Мбапе и Брахим Дијаз, додека во 92-та минута Џуд Белингам даде гол за победа од 2:3.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


По натпреварот изјава за медиумите даде тренерот на Сити, Пеп Гвардиола. “Многупати ова ни се случи оваа сезона. Знам какви квалитети поседува Реал Мадрид. Во второто полувреме ја контролиравме играта, но сакавме да напаѓаме пребрзо. Ова се случи затоа што Реал е извонредна екипа.

Ја преземам вината, иако не е само до мене, до сите е. Повредите не мачат целата сезона и сите го знаат тоа”, изјави тренерот на Манчестер Сити по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Антонио се препороди во Бетис, но тоа нема да му помогне: Аморим најде замена за Бразилецот

Антонио ја препороди својата кариера во Бетис, но изгледа дека Рубен Аморим го прецрта за …