Дома Фудбал Гвардиола ја исфрли ѕвездата од тимот, не постигна гол повеќе од една година

Гвардиола ја исфрли ѕвездата од тимот, не постигна гол повеќе од една година

Манчестер Сити конечно врза две победи, но и покрај позитивната серија ситуацијата за Џек Грилиш не ветува.

Ѕвездата на клубот и еден од најскапите играчи во историјата на Сити се соочува со губење на местото во тимот, што дополнително го истакнаа изјавите на тренерот Пеп Гвардиола.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Грилиш (29) најпрвин поради физичка неподготвеност не конкурираше за мечот со Евертон, а потоа мечот против Лестер го следеше од клупата, додека последните седум минути ги одигра само во победата над Вест Хем.

Пеп Гвардиола не го криеше разочарувањето од формата на Грилиш, јасно кажувајќи што очекува од него:

„Тој мора да се бори со себе. Савињо е во подобра форма и затоа игра пред Грилиш. Го сакам Џек кој ја освои тројната круна. Мора да се бори за својата позиција. Секој ден, секоја недела, секој месец. Не се сомневам во квалитетите на Грилиш или на кој било друг играч. Во спротивно немаше да бидат тука“, изјави Гвардиола по победата над Вест Хем.

Оваа изјава доаѓа како јасен сигнал за Грилиш, за кого Сити пред две години плати рекордни 120 милиони евра на Астон Вила.

Но, Гвардиола очигледно очекува 29-годишниот фудбалер да докаже дека вреди да се вложи и да ја врати формата што некогаш го правеше клучен играч на Сити.

Последниот гол за „Граѓаните“ го постигна на 16.12.2024 година. Младиот Савињо моментално ја користи шансата и се наметнува како сериозна конкуренција на позицијата лево крило, што уште повеќе го отежнува враќањето на Грилиш во стартниот тим. Дали Грилиш ќе може да одговори на барањата на Гвардиола, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато колку Елон Маск е спремен да плати за Ливерпул

Елон Маск наскоро би можел на Тесла, SpaceX и на X (поранешен Twitter) да додаде уште еден…