Дома Фудбал Гужва на врвот во ПФМЛ: Силекс и Работнички се израмнија со Шкендија!

Гужва на врвот во ПФМЛ: Силекс и Работнички се израмнија со Шкендија!

Eкипата на Силекс во денешните натпревари од 18. коло во ПМФЛ славеше победа над Вардар и така го презема врвот на табелата, но со ист број на бодови со Шкендија и Работнички.

Силекс против Вардар славеше победа со 1:0, а единствениот гол на натпреварот го постигна Ефтимов во 28. минута од средбата и тој беше доволен за кратовчани да ги освојат бодовите.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Варддар останува претпоследен со 12 бода, еден повеќе од Воска Спорт и со ист број на бодови со Беса. Тиквеш со денешниот триумф над Брера од 1:0 излезе од опасната зона и со 14 е прв над зоната за испаѓање

Воска во средбата од денешното коло беше поразена од Струга со 2:1.
Работнички на свој терен беше сигурен против Пелистер и славеше победа од 3:0 со головите на Мазари (два) и Рагба.

Шкендија на свој терен одигра реми без голови со Гостивар, додека Шкупи на гости ја победи Беса со минимални 0:1.

ПМФЛ 18. КОЛО:
Беса = Шкупи 0-1
Работнички – Пелистер 3:0
Шкендија – Гостивар 0:0
Силекс – Вардар 1:0
Струга – Воска Спорт 2:1
Тиквеш – Брера 2:0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чекањето за трофеј заврши, Тотенхем ја освои Лига Европа

Фудбалерите на Тотенхем ја освоија УЕФА Лига Европа, откако во големото финале во Билбао г…