Дома Фудбал Губат 12 поени, а се заканува и банкрот на еден од најстарите клубови во светот

Губат 12 поени, а се заканува и банкрот на еден од најстарите клубови во светот

Фудбалскиот клуб Шефилд Венздеј доби привремени управители за да се обиде да избегне банкрот.

Со овој потег, клубот од дното на Чемпионшипот автоматски ќе биде казнет со одземање на 12 поени.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Навивачите на Шефилд го бојкотираа претходниот натпревар против Мидлсбро поради состојбата во клубот, сакајќи на тој начин да извршат притисок врз сопственикот Деифон Чансири да го продаде клубот.

Шефилд на почетокот на 20-тиот век четири пати беше шампион на Англија, последен пат играше во Премиер лигата во 2000 година.

Основани се во 1867 година и само четири клуба се постари од нив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќерката на легендарниот фудбалер е вистинска „бомба: На 19 години веќе заработува богатство!

Ќерката на славниот италијански фудбалер Франческо Тоти сè повеќе го привлекува вниманието…