
Мејсон Гринвуд го остави зад себе бурниот дел од кариерата, но и проблемите надвор од теренот кои го следеа.
Од заминувањето од Манчестер Јунајтед, тој премина во Олимпик Марсеј. Оваа сезона бележи одлични настапи. На 12 натпревари, 10 пати беше стрелец со две асистенции во Лига 1. Што се однесува до ЛШ, има гол и асистенција на 4 натпревари.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Како што пишува шпанскиот Fichajes, Атлетико Мадрид го следи веќе подолг временски период. Според информациите, откупната клаузула што ја одредил Олимпик изнесува 80 милиони евра.
Бидејќи Гринвуд е под договор до 2029 година со францускиот тим. Тој веќе играл во Шпанија, за тимот на Хетафе за кој на 36 натпревари постигнал 10 голови и имал 6 асистенции. Да потсетиме, во Марсеј пристигна од Манчестер минатото лето за 26 милиони евра.