Спектакуларниот натпревар одиграа вчера на „Сент Џејмс Парк“ помеѓу Њукасл и Ливерпул. Заврши 3:3, а за тоа гостите можат да “му се заблагодарат” на голманот Каоимин Келехер.
Во еден момент, Ливерпул против Њукасл изгледаше беспомошно, но “Црвените” со одлична игра во второто полувреме успеаја да го променат резултатот во своја корист и поведоа со 3:2.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Така беше до 90-та минута, кога Њукасл постигна погодок за 3:3. Голема грешка направи голманот на тимот од Енфилд, Каоимин Келехер.
Ирецот погрешно ја процени насоката на топката. Мислеше дека центаршутот на Бруно Гуимараес оди во гол-ауто и се излажа.
Сето тоа добро го следеше Фабијан Шар. Ја испрати топката во мрежата и ги остави навивачите на Ливерпул во неверување.
Навивачите овој момент ги потсети на Лорис Кариус, кој во 2018 година им го упропасти финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
.Why kelleher pic.twitter.com/VbakBumUqe
— Tribun Liverpool Indonesia (@TribunLFC_Indo) December 4, 2024