Дома Фудбал Англија Грешка на деценијата: Арсенал одбил да го ангажира Валверде

Грешка на деценијата: Арсенал одбил да го ангажира Валверде

Федерико Валверде, кој со годините се етаблира како главен играч на Реал Мадрид и сега е еден од капитените, се присети дека како тинејџер Арсенал одбил да го ангажира.

Пред точно десет години тој како играч на Пењарол, бил на еднонеделна проба кај „топчиите“, но Англичаните решија да не го доведат.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Арсен Венгер во тоа време сè уште беше менаџер на Арсенал. Имав 16 години и веднаш си реков дека ова ќе биде мојот клуб и таму ќе пораснам како фудбалер“, се присети Уругваецот во интервју за „Марка“.

„Тренирав покрај неверојатни фудбалери, но не знаев англиски и морав постојано да ми кажуваат што да правам. Најмногу ми помагаа Алексис Санчез, Санти Казорла и Хектор Белерин“, додаде Валверде.

Сепак, на крајот, Арсенал не ја искористи шансата да го задржи. Реал Мадрид не ја пропушти можноста и во летото 2026 година го привлече за 5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато кој клуб ова лето понудил 250 милиони за Јамал

Барселона од година во година потврдува дека ја има една од најдобрите младински академии …