Дома Фудбал Готово: Зидан дочека, познато каде и кога ќе биде неговиот нов ангажман!

Готово: Зидан дочека, познато каде и кога ќе биде неговиот нов ангажман!

Зинедин Зидан ќе го преземе кормилото на националниот тим на Франција по Светското првенство 2026 година!

Оваа ексклузивна вест ја објави мадридскиот весник Ас, кој има блиски контакти со некогашниот тренер на Реал Мадрид.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Според изјавите од весникот, сите детали се веќе договорени. Зидан ќе го чека летото, бидејќи го чекал овој момент сите овие години, и ќе ги одбие клубовите за да го оствари својот сон и да стане селектор на Франција.

Зидан не е активен од летото 2021 година, кога по втор пат се раздели од Реал Мадрид. Во својот втор мандат не беше толку успешен, за разлика од првиот период кога освои три последователни титули во Лигата на шампионите. Речиси пет години чека повик од репрезентацијата кој ќе го врати на големата сцена.

Франција сака да се раздели со Дидие Дешан по Светското првенство, независно од резултатите, бидејќи во Федерацијата сметаат дека е потребно освежување.

Дешан го освои Светското првенство во 2018 година и е селектор на Франција од 2012 година.

Неговиот договор истекува летото 2026 година по завршувањето на Светското првенство, и очекувано е дека нема да биде обновен, означувајќи крај на 14-годишната соработка со Франција.

Зидан ќе предводи една од најмоќните репрезентации во светот. Неговата почетна цел ќе биде освојување на титулата на Европското првенство, што Франција го очекува од 2000 година, период кога Зидан беше играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конечно кажа „да“: Зинедин Зидан на клупата на најдобриот тим во светот

Зинедин Зидан ќе стане новиот селектор на Франција по Светското првенство во 2026 година! …