Еден ден по натпреварот со ПСВ, од Србија доаѓаат вести за трансферот на Андрија Максимовиќ во Бундеслигата со рекордни приходи за Црвена звезда. Наводно, суперталентираниот офанзивец веќе е пред потпис.
Му беа доволни шест месеци да привлече огромен интерес и веќе сега е јасно дека го очекува голема кариера, особено по трансферот кој следува.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Светот на Максимовиќ се промени за кратко време. Пазарец стана ѕвезда на српскиот фудбал, член на А репрезентацијата и мета на сериозни европски клубови.
Во текот на изминатиот период, тој се поврзуваше со бројни звучни имиња како Ливерпул и Борусија Дортмунд, понуда испрати и Ајнтрахт Франкфурт, но тоа не беше доволно.
Освојувачот на Лига Европа понуди 12,5 милиони евра плус бонуси, но тоа не беше според вкусот на Звездан Терзиќ, па трансферот не се реализираше.
Меѓутоа, сега стигна нова понуда од Германија. Се работи за РБ Лајпциг, клуб кој со години е на врвот на Бундеслигата и е спремен да плати она што Звезда бара.
РБ Лајпциг многу добро знае да работи со играчи од нашиот регион. Совршен пример се Јошко Гвардиол и Дани Олмо, кои комбинирано донесоа над 150 милиони евра на клупската сметка.
Во германскиот клуб на Максимовиќ гледаат како на нова голема работа на фудбалската сцена и тие се одлична стартна основа за млади играчи да напредуваат.
Медиумите во Србија пишуваат дека РБ Лајпциг веднаш по доведувањето на Максимовиќ би го испратил младото српче на заем во сестринскиот РБ Лајпциг каде што би се развивал и собираил минути.
Австрискиот великан е идеална средина за развој на млади играчи, па оваа опција изгледа прифатлива за 17-годишникот и според некои информации тој е подготвен да потпише.
Од сето ова ќе има корист и Црвена звезда која сакаше минимални 15 милиони евра за Максимовиќ, па заедно со бонусите трансферот може да достигне до 18 милиони евра.
Тоа воедно ќе значи и клупски рекорд, бидејќи Горан Друлиќ пред четвртина век се пресели во Реал Сарагоса за 13 милиони евра.