Дома Фудбал Готово: Одржан состанок во Леверкузен – позната иднината на Чаби Алонсо!

Готово: Одржан состанок во Леверкузен – позната иднината на Чаби Алонсо!

Шпанскиот стратег Чаби Алонсо е желба на многу европски клубови, но изгледа дека веќе се знае кој клуб тој ќе го води по Баер Леверкузен. Алонсо конечно “пресече” и им ја соопштил на раководителите на германскиот шампион својата одлука.

Алонсо прави одлична работа на клупата на Баер Леверкузен со кои минатата година успеа да освои двојна круна во Германија.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Иако минатото лето имаше понуди од неколку европски џинови Алонсо одлучи да остане во Леверкузен, но како што стојат работите ова лето веројатно ќе ги спакува куферите.

Раководните лица на германскиот шампион имаат желба Алонсо да остане до крајот на договорот, но се свесни дека тоа тешко ќе се случи. Она што особено заслужува пофалба е тоа што веднаш му порачале дека нема да прават проблем ако се јави некој клуб кој е негова голема желба.

Секако, тоа пред сè се однесува на Реал Мадрид и Ливерпул за кои некогаш настапуваше, а изгледа дека токму такво сценарио и ќе биде.

Алонсо е интензивно поврзуван со Реал бидејќи е речиси јасно дека Карло Анчелоти летово ќе го напушти клубот. Флорентино Перез го посакува токму Алонсо на клупата на Кралевите и изгледа дека тука работите се веќе решени.

Ова го потврдува и пишувањето на германските медиуми кои тврдат дека Алонсо имал состанок со раководителите на Леверкузен. Им соопштил дека донел одлука летото да го напушти Леверкузен и да го преземе Реал Мадрид.

Алонсо побарал оваа информација да не се објавува затоа што тој сака да биде тој што во наредните недели ќе ја објави дека од следната сезона ќе го води кралскиот клуб.

Исто така, не сака да тоа го наруши и играњето на Леверкузен, но со оглед на тоа што прашањето на шампион на Германија е решено и титулата оди кај Баерн, тој им ја соопштил одлуката на лидерите на „Апотекарите“ за да можат и тие да бараат нов тренер.

Фото: Bayer Leverkusen/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За Елмас враќањето во Неапол беше посебно: Тука освоив Скудето и куп!

По враќањето на стадионот каде што го доживеа еден од најголемите успеси во кариерата, мак…