Дома Останати Кошарка Готово: Најтрофејниот клуб во НБА лигата се продава за шест милијарди долари!

Готово: Најтрофејниот клуб во НБА лигата се продава за шест милијарди долари!

Управниот одбор на НБА лигата го одобри преземањето на Бостон Селтикс од страна на група инвеститори предводена од Вилијам Чишолм.

Чишолм, страстен обожавател на познатиот клуб, е меѓу основачите на приватниот инвестициски фонд „Symphony Technology Group“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Преку оваа акција одобрената продажба на Селтикс беше потврдена пет месеци по првичната најава. Со вредност од 6,1 милијарда долари, оваа трансакција претставуваше рекордна сума која е платена за американски спортски клуб, до неодамна.

Во истиот месец, овој рекорд беше надминат со продажбата на Лос Анџелес Лејкерс, кои семејството Бас ги продаде на милијардерот Марк Волтер за 10 милијарди долари.

Досегашните сопственици на Селтикс, клубот со најмногу титули во НБА историјата – 18 на број, предводени од претприемачот Вик Гросбек, го купија Бостон пред 23 години за само 360 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На Дончиќ му се заканува суспензија и загуба од 300.000 долари

Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ ќе пропушти еден натпревар откако го достигна лим…