Дома Фудбал Готово: Ливерпул го обезбеди првото засилување!

Готово: Ливерпул го обезбеди првото засилување!

Џереми Фримпонг е новиот член на Ливерпул.

На крајот, договорот меѓу двата клуба, како и самиот играч и тимот од „Енфилд“, беше успешно постигнат.


Фримпонг ќе се приклучи на Ливерпул наредното лето, а Бајер Леверкузен ќе добие 35 милиони евра, што претставува износ на неговата откупна клаузула. Холанѓанецот потпиша петгодишен договор со „црвените“.

Многумина го сметаат за одлична замена за Трент Александар-Арнолд, кој следната сезона ќе го облече дресот на Реал Мадрид. Фримпонг поседува слични играчки карактеристики, при што се истакнува со својата офанзивност и напаѓачки потенцијал.

Според многу експерти, Ливерпул направи мудар потег во однос на цената. Искористија поволната откупна клаузула на Фримпонг и си осигураа бек за неколку наредни години.

Ова е првото засилување на Ливерпул ова лето. Во 33 натпревари од тековната сезона во Бундеслигата, Фримпонг постигна пет голови и забележа шест асистенции. За него, трансферот во Ливерпул претставува и враќање во Англија, каде што ги поминал младинските редови на Манчестер Сити.

Фото: Bayer Leverkusen 04/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mилан во сериозни проблеми пред дербито со Рома: Двајца сигурно отпаднаа

Рома ќе го пречека Милан во дербито на италијанската Серија А, а гостите се соочуваат со п…